Венизелос: Скопје има поголем проблем со Бугарија отколку оној со спорот за името

 

Евангелос Венизелос, заменик-претседателот на грчката Влада и министер за надворешни работи изјави дека проблемот кој СКопје го има со Бугарија е многу поголем отколку спорот кој го води со Грција за името. 

Пред францускит Сенат, Венизелос објаснува дека има еден идеолошки проблем за вештачкиот национален иденитет меѓу Скопје и Софија, кој е многу поголем отколку оној кој Скопје го има со Грција за името.- Нашиот проблем со името е мал во споредба со големите јазични и историски прашања. Никој не зборува грчки во ПЈРМ, рекол Венизелос.

Според Венизелос, во зоната на западен Балкан, грчката политика е „јасна“. - Ние се залагаме за европска и атлантска перспектива на сите земји од регионот, рекол Венизелос.

- Почетокот на преговорите е многу позитивен за Србија и Косово. Ние имаме тесни врски со Албанија, чиј нов премиер е близок со нашите политички погледи. Случајот со Црна Гора не претставува проблем, но институционалната форма на Босна е проблематична, вели тој.

Шефот на грчката дипломатијата пред француските сенатори нагласил дека „Грција е подготвена да прифати компромис“ околу Македонија. 

- Грција е првиот инвеститор во Скопје, кој е исто така нашиот прв туристички пазар. Значи, ние можеме да ја приближиме оваа земја до перспективите за членство во Европската Унија и НАТО, навел Венизелос.

Венизелос открива дека грчките позиции и тие на албанската заедница во Македонија се согласуваат.

24.01.2014 - 11:58
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега