Стружанец криел оружје во автомобилот

 

 

Стружанец си заработи кривична пријава за недозволено изработување, држење и тргување со оружје. Според податоците од полицијата, се работи за 41-годишниот Н.Д. од струшко Октоси кој бил запрен од страна на полициски службеници на патот Струга-Дебар.

Н.Д. управувал со автомобил марка Опел, во кој при извршен преглед биле пронајдени четири куршуми наменети за повеќе пиштоли, кои стружанецот ги криел под резервната гума.

24.01.2014 - 11:26
Фото: 
кумановоњуз

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега