Собранискиот спикер Вељановски во посета на Хрватска

 

Собранискиот спикер Трајко Вељановски денеска ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска.

На покана од страна на неговиот хрватски колега Јосип Леко, Вељановски предвидено е да оствари средба со хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ и со првиот потпретседател на хрватската Влада и министер за надворешни и европски прашања,  Весна Пусиќ, јави известувачот на МИА. Вељановски ќе се обрати и пред пратениците на Хрватскиот сабор.

24.01.2014 - 09:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега