Се скарале со момчињата па решиле да се убијат - три девојки се затруле со апчиња во Гостиварско

 

Во еден ден, три обиди за самоубиство во Гостиварско. Станува збор за три млади девојки кои се обиделе да си го одземат животот пиејќи поголема количина на таблети.

Според информациите од тетовската полиција, синоќа во еден часот по полноќ, во гостиварската болница била донесена 26 годишна девојка од Врапчиште која се затрула со голема количина таблети. По интервенцијата, девојката во бесознание била пренесена на Клиниката за Токсикологија воСкопје. Нејзината здравстветна состојба била сериозно нарушена.

Со симптоми на труење, синоќа биле донесени и две тинејџерки, 17-годишна девојка од Гостивар и 16-годишна малолетничка од Неготино-Полошко. И тие се обиделе да си го одземат животот со пиење таблети, но за среќа поминале без поголеми последици и по укажаната лекарска помош биле пуштени дома.

Како причини, во два случаи се наведуваат љубовни проблеми, а во третиот, проблеми во училиште. 

23.01.2014 - 13:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега