13 сообраќајки двајца тешко повредени - се пролеа крв на скопските улици
Во изминатото деноноќие, на подрачјето на Град Скопје се случиле вкупно13 сообраќајни незгоди. Од нив осум се со последица материјална штета и три се со последица телесни повреди. Повредени се двајца возачи на патнички моторни возила и еден пешак. Во Скопје се случиле и две несреќи со тешки повреди.
Првата се случила во 12 часот на крстосницата од регионалниот пат Катланово – Скопје и локалниот пат за „Фазанерија“ – Јасен во која учествувале мопед „Томос“ со скопски регистарски таблички управуван од скопјанец. Возачот при свртување лево према локалниот пат за „Фазанерија“ – Јасен од непознати причини изгубил контрола над возилото, паднал на коловозот и заработил тешки повреди.
Втората несреќа се случила во 13:45 часот, на влезот од ЈЗУ лоцирана на ул. „Трета македонска бригада“. Во незгодата учествувале товарно моторно возило „фиат добло“ со скопски регистарски таблички управувано од скопјанец и пешак, исто така граѓанин на Скопје. Пешакот заработил тешки телесни повреди.
Според евиденцијата на сообраќајната полиција, вчера се случиле и три незгоди со мала материјална штета во кои бил пополнет Европскиот извештај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа