Петров: Делегатите на СДСМ беа сменети бидејќи заминаа со Јакимовски

Двајца делегати на СДСМ во општина Карпош биле разрешени и на нивно место именувани нови бидејќи на локалниет избори биле на листите на Стевчо Јакимовски. Генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров, во иајзава за Press24 вели дека постапката за нивна смена била логична бидејќи тие веќе не се дел од СДСМ, туку од Српската напредна партија на Драгиша Милетиќ. Петров вели дека тие биле и на советничката листа на Стевчо Јакимовски за општина Карпош, па оттука, според Петров, нема логика тие и понатаму да носат одлуки за иднината на Социјалдемократскиот сојуз. 
Петров вели дека тоа ќе бидат единствените двајца делегати од вкупно 705 колку што брои Когресот на СДСМ, кои ќе бидат сменети пред одржувањето на внатрепартиските избори за Претседател. 

најчитано сега