Трудница поминала 70 километри на -35 степени за да се породи!

 

Една трудница од северот на Индија чиј идентитет е непознат, за да го донесе своето бебе на свет, морала да пешачи цели 70 километри преку заледена река, и тоа на температура од -35 степени Целзиусови.

Трудницата од Индија немала никаков избор бидејќи во нивното место немало болница, па морала да тргне на долг пат за да се породи. Таа одела девет дена на рекордно ниски температури, а потоа откако ја породиле успешно, наместо како секоја друга мајка да се одмара со своето дете, таа повторно била принудена со новороденчето да го помине истиот пат на ниска температура за да се врати дома.

Домот на оваа девојка се наоѓа на  Хималаите, а поради временските неприлики луѓето се приморани со санки да одат до продавница за да купат нешто за да преживеат.

23.01.2014 - 09:14
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега