Бесими денеска во Шпанија

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, денеска работно ќе го посети Кралството Шпанија.

Тој во Шпанија ќе оствари средба со министерот за надворешни работи на Шпанија, Хозе Мануел Гарсија-Маргаљо, со претседателот на шпанскиот Сенат, Пио Гарсија Ескудеро, како и со претседателот на Конгресот, Хесус Мариа Посада Морено.

На средбите Бесими ќе се фокусира на поддршката на Кралството Шпанија во евроинтеграцискиот процес на нашата земја, а ќе се дискутира и за можностите за поинтензивна економска соработка помеѓу двете држави.

23.01.2014 - 08:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега