Денеска и утре топличко - oд сабота комплетен пресврт

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и претежно тивко. Само на повисоките места и на планините ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Изутрина по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла, а во крајниот западен дел од земјава ќе има услови за локален краткотраен дожд и на планините со краткотраен снег.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од осум до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и претежно тивко. Изутрина ќе има појава на слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Во петок ќе има зголемување на облачноста со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, а на планините врнежите ќе бидат од снег.

Во сабота, кон крајот на денот од север ќе се спушта постуден воздух кој ќе овозможи врнежи од снег да има и на неколку ниски места.

Од недела температурата ќе биде во опаѓање.

23.01.2014 - 08:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега