Сара: Гласањето на Евросонг беше чист расизам
Неминувањето на Србија во финалето на Евроснг падна на сите тешко во Србија, а најмногу на самите изведувачи групата „Моје три“, една од девојките од составот, Сара Јовановиќ, напишала на Твитер, и гласањето во првото полуфинале го оцени како чист расизам!
„Ова беше расизам! Добро, малку се шалам, но доколку навистина погледнете јасно е дека песните кои не се отпеани на англиски немаат оваа година никакви шанси. Луѓето не ги ни слушаат нумерите на некои други јазици - се пожалила Сара на Твитер неколку часа по завршувањето на првата полуфинална вечер на 58 издание на Евроснг“