Ја удрил воз додека одела на пруга - повредена 60-годишна прилепчанка
Во Прилеп денеска околу 13 часот и 30 минути се случила железничка несреќа во која со повреди се здобила една жена. Според информациите, машиновозачот само што го поминал обележаниот премин кај сточното пазариште во Прилеп ја забележал 60-годишната жена која се движела среде пругата. Машиновозачот свирел и кочен, но сепак жената не успеала да го слушне, па дошло до несреќа кога возот ја отфрлил покрај пругата.
Брзата помош пристигнала навреме, па жената која веднаш била однесена во болница сега е надвор од животна опасност. Според првичните информации од хируршкото одделение 60 годишната Фатиме А. е надвор од животна опасност. Се здобила со полесни повреди, но ќе биде задржана на натамошно лекување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа