"Ме омажија на 10, родив на 13, па станав вдовица" - потресна животна приказна
Мало девојче од Африка било омажено кога имало само 10 години, а на 13 родило дете. Семејството Гебрекидан ставило крај на детството на нивната 10-годишна ќерка кога решиле да ја омажат, а набрзо животот и се променил од корен и тргнал во многу лоша насока.
Малата Алемшаја се омажила за 16-годишно момче, а за три години му родила дете. Набрзо нејзиниот сопруг починал, па таа на само 13 години станала вдовица. Сега има 38 години и живее во Лондон, а за медиумите си ја отвара душата и ја раскажува својата животна приказна.
- Си играв пред куќата кога мајка ми ме викна внатре. Ми рече дека морам да се мажам и дека немам избор. Плачев, но знаев дека што и да кажам на родителите ќе биде залудно, вели девојката.
Таа до денот на венчавката не го видела избраникот за неа, а потоа кога го запознала се почувствувала убаво бидејќи и тој бил дете исто како и неа. Потоа му го родила синот кој денеска има 25 години.
- Ме болеше многу, и кога бев бремена и кога раѓав. Бев само дете, се присетува таа.
Нејзниот сопруг починал кога имала 13 години, а тој 19. Ја оставил сама со дете. Таа синот го оставила на маката и отишла да работи во Египет, а потоа и во Лондон. Морала да се снајде и да заработува за живот за да може да си го одгледа синот.
Инаку, според информациите од Светската здравствена организација, 14 милиони девојчиња помлади од 15 години се присилени на брак.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа