Се пролеа крв во ГУЦ
Крвава тепачка го наруши мирот во скопското средно училиште „Здравко Цветковски“ - ГУЦ.
Тепачката се случила вчера околу 13:30 часот, кога 18 годишниот И.Д. го удрил 16 годишниот М.Л.со глава во пределот на аркадата. Повредениот ученик се збеснал и земал метална шипка за да му врати на својот противник, но, за среќа интервенирало обезбедувањето на училиштето и спречило поголем инцидент.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
22.01.2014 - 11:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа