Од игра до крвопролевање: Застрелано момче во гостиварско

 

Од играчка- плачка во гостиварско Горна Бањица. 15 годишно момче заработи прострелна рана, откако неговиот 3 години помлад другар го застрела со пиштолот на татка си.

Според информациите од полицијата, 12-годишното момче, вчера вечерта си играло со пиштолот на неговиот татко и случајно испукал куршум кон три години постарото другарче.

15 годишникот бил повреден во пределот на левата потколеница и натколеница и веднаш бил пренесен во гостиварската болница. Поради сериозноста на повредите,  момчето било препратено во Клиничката болница во Скопје.

Полицијата работи на расветлување на случајот.

22.01.2014 - 10:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега