Матурантите денеска на екстерно тестирање - со среќа!
Средношколците oд трета и четврта година од гимназиско, стручно или уметничко образование денеска ќе бидат екстерно тестирани по првиот од двата предмета од полагањето.
Ова е прва година матурантите да полагаат екстерно. Тие до лани беа изземени од овој процес, а оваа година ќе полагаат во јануари, бидејќи во јуни се зафатени со полагањето на државната матура. Сите други ученици, од трето одделение до трета година средно, ќе бидат тестирани на крајот од учебната година.
Министерството за образование и наука креираше систем во кој за матурантите пред трестирањето беа достапни околу 60.000 прашања за сите предмети од сите видови образование.
Бројот на прашања кои ќе бидат на тестот зависи од тоа колку е предметот застапен неделно во наставата. Така, за предмет што учениците го имаат еднаш во неделата, просечно ќе има околу сто прашања.
Двата предмета по кои ќе бидат тестирани, учениците ги дознаа пред два дена. Тестирањето од вториот предмет ќе биде задутре, 24 јануари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа