Попоски и Бесими на средби со Филе и Ховит
Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски и вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими денеска во Брисел ќе остварат средби со еврокомесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе и со известителот во ЕП за Македонија Ричард Ховит.
Според најавите од Секретаријатот за европски прашања, на средбите ќе се разговара за перспективите на евроинтегративниот процес на Република Македонија во 2014 година и за напредокот во исполнувањето на клучните приоритети од Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД).
На средбата со Ховит ќе се зборува и за Предлог резолуцијата за Македонија што вчера доби зелено светло од Комитетот за надворешни прашања на Европскиот парламент.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа