Грипот зема замав во Велес - грипосани 40 лица
Според податоците на Центарот за јавно здравје од Велес од почетокот на годинава, досега, во Велес се регистрирани 40 заболени од грип, од кои 28 лица во последните седум дена.
Zа МИА, д-р Билјана Трајкова, епидемиолог во Центарот, која ја следи состојбата со болеста, изјавува дека ајголем број од болните се на возраст од 15 до 64 години, иако има и болни над 64 години, додека минатата година во Велес биле регистрирани вкупно 124 лица заболени од грип.
Трајкова апелира граѓаните да се приддржуваат до препораките од лекарите за повеќе витамини во исхраната и избегнување на масовни собири, бидејќи, како што рече, грипот лесно се пренесува при контакт со заболено лице.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа