Тетовчанец влегол во маркет да купи цигари - кога излегол му го немало автомобилот

 

Околу 20 часот и 45 минути, синоќа 67-годишниот тетовчанец Н.В. пријавил во полиција дека му го украле возилото додека бил во продавница.

Тетовчанецот го оставил своето возило  „Хјундаи ИХ35“ во запалена состојба на раскрсницата од улицата „Љубо Божиноски Пиш“ и  „Благоја Тоска“ и влегол во маркет да купи цигари а кога излегол надвор забележал дека возилото во кое имал и мобилен телефон, ак-ташна и сообраќајна дозвола повеќе не е таму.

Полицијата работи на расветлување на случајот.

21.01.2014 - 11:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега