Го собрале дневниот промет и 200 штеки цигари - ограбена продавница во гостиварско
Крадците дефинитивно не запираат. Уште една кражба е регистрирана деновиве, овојпат во продавница продавницата „Амза АС“ во гостиварското село Добри Дол.
Според податоците, од продавницата се украдени 200 штеки цигари и десет илјади денари ноќта помеѓу 19 и 20, а случајот во полиција го пријавил сопстевникот, 50-годишниот Х.Б. кој се соочува со штета од 270 илјади денари.
Кражбата била извршена на тој начин што непознатите сторители најпрво го скршиле катанецот од вратата, влегле внатре и ги одзеле цигарите и парите, по што заминале во непознат правец.
Полицијата трага по сторителите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа