Време: Не го очекувајте сонцето!

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Попладне на планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Температурата ќе се движи од пет до 14 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Температурата ќе достигне до 12 степени.

21.01.2014 - 08:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега