Фаќачот на крстот во Скопје: Неколку луѓе не изрезилија на Водици

Даниел Дончевски од Маџари, кој во неделата на осветувањето на водите на реката Вардар меѓу 200 пливачи прв доплива до крстот, вели дека за него најголем мотив да скокне во ладната вода била вербата во бог, а не подароците, пишува Вечер. 
- Најголемиот мотив да скокнеш по крстот е вербата. Тоа што се случи во неделата беше дело на пет-шест луѓе кои беа најверојатно таму за наградите, а не оцрнија сите двеста. Целосно ја поддржувам црквата в година да не се даваат подароци за оној што ќе го фати крстот, кога ќе се види и кои се вистинските верници - вели Дончевски, кој посочува дека и наредната година и сите следни додека има сила ќе скока по крстот.

Дончевски вели дека не знае какви подароци ке добие годинава. Бидејќи ова му е трет пат како го фаќа крстот, досега има добиено лаптоп-компјутер од премиерот, ЛЦД-телевизор, иконостаси, икони и златник. Дончевски вели дека досега не памети да се разболел поради тоа што скокал во ладната вода, а кога и да го фател крстот, годината нему и на фамилијата им била многу успешна.

20.01.2014 - 23:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега