Го наполнил возилото со мигранти од Сирија и Авганистан - кривична за кумановчанец
Кумановчанец си заработи кривична пријава за криумчарење мигранти. Се работи за 46-годишниот Х.А. од Лојане кој окоу 40 минути по полноќ утринава бил фатен на автопатот во селото Прдејци, гевгелиско од страна на полициски службеник.
Во возилото на кумановчанецот биле забележани 14 странски државјани од кои еден од Сирија, а останатите од Авганистан, кои оствариле илегален влез во Македонија и се обиделе да влезат во возило “Форд Мондео“ со швајцарски национални ознаки управувано од пријавениот.
20.01.2014 - 13:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа