"Дај ги парите или ќе умреш" - беровчанец го уценувале за 2.000 евра
50-годишниот Ј.А. од Виница си заработи кривична пријава бидејќи подолг период уценувал беровчанец.
Според информациите на полицијата, Ј.А. во повеќе наврати телефонски се јавувал на лице од Берово и од истиот се обидел да изнуди околу 2.000 евра. На беровчанецот му упатувал закани по животот доколку не ги добие парите.
20.01.2014 - 13:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа