Ги застрелал па се обидел да избега - откриен идентитетот на таткото и синот убиени во Чаир

 

Татко и син денеска беа убиени во скопската населба Чаир. Како што веќе јави Пресс 24, убиството се случило пред неколку часа, а двајцата скопјани ги убил нивниот сосед.

Според податоците од полицијата, се работи за 56-годишниот Алајдин А. и 26-годишниот Мустафа А. кои денеска ги застрелал нивниот сосед, 52-годишниот Ш. Тахири. Поради претходна расправија, таткото и синот дошле кај соседот, и во еден момент кавгата кулминирала кога тој извадил пиштол и ги усмртил. 

Откако ги убил таткото и синот, убиецот се вратил дома, земал 2.300 евра и оружјето и се обидел да избега, но бил веднаш забележан од страна на полициски службеник. Иако давал отпор, Алфите кои веднаш дошле на местото на настанот успеале да го совладаат убиецот и да го приведат.

Инаку, и пиштолот со кој го извршил убиството бил нелегално поседуван.

19.01.2014 - 15:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега