Македонец кандидат за градоначалник во Париз
Кристофер Најдовски кој е роден во Париз, но потекнува од Македонија, е кандидат за градоначалнико во Париз. Како што објавува Дојче Веле, тој е единствен политичар во Франција со потекло од Македонија што се кандидира за толку висока функција.
-Можеби јас сум првиот политичар, тоа ми дава извесна гордост, но и извесна одговорност кон земјата од каде потекнувам – Македонија. Тоа ми дозволува да им порачам на оние кои се во дијаспората и се со потекло од родители кои емигрирале во други земји дека можат да се интересираат за јавниот и политичкиот живот во градот и земјата во која сега живеат, со што можат да го подобрат животот на луѓето. Ова е и смислата на моето ангажирање во Париз, вели за Дојче веле, Кристоф Најдовски.
Тој во политиката влегол преку екологијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа