"Среќата ми се насмеа по 9 години" - Петар Рупески го фати светиот крст во Охрид

 

Петар Рупески од Охрид е човекот кој денеска го фати светиот крст по повод празникот Богојавление-Водици, во водите на Охридското езеро. Тој изјави дека чуството е неверојатно и дека е многу среќен како тој, така и неговото семејство и пријатели и дека среќата му се насмеала после цели 9 години. Се надева на поголема среќа со фаќањето на светиот крст.

Прославата почна изутринава со богослужби во сите парохиски цркви во Охрид и Дебарско-кичевската епархија. Централната црковно-народна манифестација сега се одвива на Градското пристаниште во Охрид. 

На манифестацијата по повод Водици во Охрид најавено е присуство на личности од политичкиот и јавниот живот, како од градот, така и од државата, но и од соседните земји и од светот. Меѓу нив и претседателот на Владата Никола Груевски, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, неколку министри од владиниот кабинет, амбасадори, членови на дипломатскиот кор во земјата... Тука е и поранешниот амбасадор на Европската унија во Македонија, Ерван Фуере, кој уште за времето на неговата служба во Македонија најави дека секоја година на овој ден ќе биде со охриѓани и традиционално ќе се искапи во Охридското Езеро.

Градот врие од туристи по повод денешнот празник.

19.01.2014 - 10:41
Фото: 
либертас

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега