Европската унија загрижена за БиХ поради отсуството на напредок
Како што соопшти весникот “Вечерњи лист“ европскиот комесар за проширување Штефан Филе, кој денеска пристигнува во Сараево, на лидерите на Босна и Херцеговина ќе им ја пренесе пораката дека Европската унија е загрижена за ситуацијата во оваа држава поради отсуството на напредок и дека оваа незаинтересираност може да доведе до уште поголеми последици.
“Филе, според неговата функција, е должен да се обидува да го доведе до крај сето она што досега било правено. Верувам дека тоа зависи од Филе, но и од волјата на локалните партнери да се дојде до решение”, изјави вчера во Сараево лидерот на Социјалдемократската партија (СДП), Златко Лагумџија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа