Брачен пар од Скопје остана без злато и 1000 евра

 

Крадци вчера попладне упаднале во домот на 62-годишната С.Ѓ. и 63-годишниот Д.Ѓ. сопружници од Скопје. 

Според информациите од полицијата, крадецот го искористил отсуството на брачниот пар, влегол во куќата преку балконската врата и украл злато и 1000 евра, со што направил штета од 120.000 денари.

полицијата трага по сторителот.

 

17.01.2014 - 11:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега