Внимавајте на патниот правец Маврово-Дебар
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата денеска се одвива непречено, по суви коловози.
Поради оштетување на коловозот од надојдена вода од река Радика на патен правец Р-409 Маврово - Дебар во близина на Бошков мост, сообраќајот повторно се одвива по две коловозни ленти (направен е бајпас додека траат санациите на оштетената коловозна лента). За тоа има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
На патниот правец Гостивар - Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост, сообраќајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента. На патниот правец Демир Капија - Удово, кај тунелите на Демир Капија, се изведуваат градежни работи на пат. За тоа има поставено светлосна сообраќајна сигнализација (семафори) која го регулира сообраќајот. Можни се повремени кратки застои во одвивањето на сообраќајот на тој дел од патот. На патниот правец А3/Р1-312, делница Велес - Кадрифаково се врши геодетско снимање на патот. Првата фаза започна на 27.03.2013 година, при што и се поставени 2 табли за известување за работа на пат, од кои едната е поставена на клучката кај Велес, а другата на клучката кај Кадрифаково.
Патниот правец Р-103 Неготино - Радовиш односно Неготино - Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр.9 преку реката Вардар, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино - Криволак - Пепелиште и тоа само за лесни возила.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.