ЕК го поздрави договорот за Изборниот законик
Европската комисија денеска ги поздрави преземените чекори за Изборниот законик.
Според портпаролот Стано, Комисијата е информирана за одржаните дискусии меѓу политичките партии во Македонија и постигнатиот договор. - Овие амандмани сега ќе се дискутираат во Парламентот и како што знаете, изборните реформи беа важен дел и од Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) со ПЈР Македонија, но и важен елемент од политичкиот договор од 1. март минатата година, додаде Стано.
- Овој договор што беше постигнат од страна на работните групи меѓу политичките партии, треба да биде дискутиран и усвоен во Парламентот. Но, тој беше еден од елементите што беа важни во рамки на Пристапниот дијалог, а комесарот беше јасен минатата недела кога кажа дека ХЛАД-от ќе продолжи како важен инструмент на ЕК за поддршка на реформскиот процес во ПЈР Македонија и предвидената континуирана определба на Владата да продолжи со имплементација на реформите, имплементација на мартовскиот договор и продолжување на подобрување на добрососедските односи, потенцира портпаролот Стано во изјава за МИА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа