Тито Петковски ќе искешира 10.000 евра откако го наклевети премиерот Груевски

 

650.000 денари ќе го чини лидрот на НСДП ТИто Петковски клеветењето на сметка на премиерот Никола Груевски. Скопска Апелација ја потврди пресудата на граѓанскиот суд. Тито Петковски му нанел штета на угледот и честа на Премиерот откако во изјава за еден весник рече дека Премиерот го прифатил предлогот на Нимиц, Република Македонија (Скопје) непосредно пред самитот на НАТО во Букурешт. 

Одлуката пред неколку месеци ја донесе скопскиот Граѓански суд. Тој делумно ја уважи тужбата на премиерот Груевски и му наложи на Петковски да плати отштета од 10.000 евра. По ова Тито Петковски поднесе жалба до Апелациониот суд, кој само ја потврди претходната одлука

16.01.2014 - 14:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега