Велешанка е првата жртва на грипот во Македонија - еве ги деталите
Грипот кој зема замав во Македонија за жал ја зеде и првата жртва. Се работи за шеесет и седум годишна жена од Велес која синоќа починала на Клиниката за инфективни болести во Скопје од вирусот од типот А Х3Н2.
Директорот на Клиниката за инфективни болести Звонко Миленковиќ денеска изјави дека пациентката имала хронична опструктивна белодробна болест, срцева слабост, дијабетес и бубрежна болест. Пациентката била на Клиниката два дена, а поради другите болести, грипот само ја влошил состојбата.
Инаку, на Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 90 до 100 пациенти од кои половината се со грип, а во Македонија до сега се регистрирани 1.941 случаи со грип кој зема се поголем замав.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа