Регистрацијата на компаниите наскоро само по електронски пат

 

Министерот за економија, Ваљон Сарачини, денеска за време на посетата на Централниот регистар, изјави дека во Македонија наскоро ќе може да се регистрира нова фирма само по електронски пат. Ова се предвидува со измените на Законот за трговски друштва што Министерството за економија во наредните денови ќе ги достави во владина процедура.

- Со измените, покрај регистрирање фирма само по електронски пат се предвидува и целосно укинување од употреба на официјалниот печат, како и лицата кои ги немаат платено придонесите, даноците и царинските давачи или должат по основ на други давачки или на некој начин се на „црната листа и досега го изиграле законот“ да не можат да купат удели во фирма или да пренесат удели во друга фирма,  изјави министерот за економија Ваљон Сарачини по редовната работна посета на Централниот регистар и разговорот со директорот Ванчо Костадиновски.

Според Сарачини, измените ќе допринесат за подобрување на бизнис климата во Република Македонија.

Од своја страна и директорот на Центарлниот регистар, рече дека целта на денешната посета на министерот Сарачини е да се запознае како се одвиваат тековните реформи и кои се резултатите: - До сега обуката ја имаат поминато колу 500 регистрациски агенти, а од нив околу 130 имаат добиено овластување и веќе претставуваат електронски регистрациски канцеларии на Централниот регистар каде сите граѓани можат да поднесат барање. Ефектот од тоа е што услугата станува подостапна за граѓаните од цела Македонија и тие без никаков трошок можат да започнат бизнис, рече Костадиновски.

Инаку, минатат година регистрирани се 6.500 нови фирми од кои 300 по електронски пат преку регистрациски агент и без надомест. Лани по нормална процедура од регистарот се избришани 3.750 компании, а 6.100 фирми кои немале активност повеќе од три години биле пријавени  за да се избришат.

15.01.2014 - 13:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега