Компании од автомобилскиот сектор годинава ќе инвестираат во Македонија

 

Компании од автомобилскиот сектор во текот на првиот квартал од годинава ќе испратат свои претставници во Македонија за да се финализираат договорите за изградба на фабрики во земјава.

Дирекцијата за Технолошко индустриски зони изјавува дека ова е најавено на средбата на директорот на Дирекцијата Виктор Мизо за време на Automotive News World Congress, кој се одржува  во Детроит за време на  NAIAS – најголемиот автомобилски саем во Северна Америка.

Според информациите, се работи за американски и европски компании производители на автомобилски делови со кои се разговара за  потенцијални инвестициски проекти во слободните економски зони во Македонија. 

На конференцијата присуствуваа претставници на најголемите автомобилски компании во светот, како и директори на глобалните компании за производство на автомобилски делови. Освен Македонија, со свои штандови се претставија и Мексико, Тексас, Лузијана, Вирџинија и Џорџија. 

15.01.2014 - 12:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега