Осветлена клучката меѓу Тетово и Гостивар
Клучката кај патарината Тетово југ на автопатот „Мајка Тереза“ денеска е осветлена со 29 канделабри во должина од 850 метри.
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Љупчо Георгиевски кој присуствуваше на пуштањето во употреба на осветлувањето, истакна дека продолжуваат со активностите за зголемување на безбедноста во сообраќајот преку осветлување на влезовите од градовите со што се зголемува и прегледноста на патот.
- Минатата година осветливме девет клучки со вкупна должина на автопати, магистрални и регионални патишта од 20,5 километри со инвестиција на 106,5 милиони денари. Оваа година веќе ја осветливме клучката на влезот во Прилеп од делницата Прилеп-Битола во должина од 1.200 метри и инвестиција од 5,7 милиони денари. Во периодот што следи ќе се осветли клучката Штип на релацијата Штип-Кочани-Радовиш, рече Георгиевски.
Во план е и осветлување на клучката на влезот од Гостивар непосредно по патарината на авопатот.
Инаку, станува збор за инвестиција од 4,5 милиони денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа