"Ја заклучи мајка си и избега, ја нема мојата ќерка" - таткото на Маја низ солзи раскажува за хоророт низ кој поминуваат
Родителите на починатата Маја Блажевска од селото Лешани за која цела Македонија се крена на нозе, скршени од болка, си ја отворија душата и за Телеграф, го раскажаа хоророт низ кој поминуваат.
Таткото вели дека е сигурен дека неговата ќерка била заведена од некој друг.
- За прв пат се случува вакво нешто, не само тука туку воопшто во Македонија. Ова е сексуално заведување на малолетно лице. Инаку, Маја ја најдоа ловџии од соседното село. Ме известија и јас веднаш се упатив кон планината. Имаше што да видам. Маја беше босонога, немаше чевли, облеката ѝ беше речиси чиста, но на неколку метри од неа имаше расфрлани прамени од нејзината коса , со солзи во очите зборува за телеграф таткото на Маја.
Кога Маја исчезнала, била сама со својата мајка во нивната куќа. Маја побарала пари од мајка си, но таа немала да и даде, па нервозна ја заклучила мајка си, ги зела клучевите од автомобилот и се обидела да го стартува, но не успеала, па се упатила кај матична докторка за да побара оправдание да не оди на училиште, но било констатирано дека се е во ред, па оправданието не го добила.
- Маја имаше една другарка од соседното село. Мислам дека таа ја завлече по лоши патишта. Неколку пати бев кај неа да ја прашам дали знае нешто, но рече дека ништо не знае вели таткото и додава низ созли: „Само едно знам, пријателе, мене ми ја нема Маја“...
За потсетување, по Маја се трагаше неколку месеци, а беше пронајдена мртва на планините над Охрид.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа