Најмногу се гради во Скопје
Општините во Македонија во ноември 2013 година издале 182 одобренија за градење, со вредност на предвидените објекти од 1.958.089 илјади денари, објави Државниот завод за статистика. Предвидена е изградба на 414 станови со вкупна корисна површина од 37.878 м2.
Најголем број одобренија се издадени во Скопскиот регион 48, следи Полошкиот со 44 и Источниот со 30 издадени одобренија за градење.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 160 или 87,9 отсто се наменети за објекти од високоградба, 6 или 3,3 отсто за објекти од нискоградба и 16 или 8,8 отсто за објекти за реконструкција.
На 154 или 84,6 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 28 објекти, односно 15,4 отсто инвеститори се деловни субјекти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа