Страотна сообраќајка во Варвара - скопјанец им подлегна на повредите во болница
Уште една сообраќајна незгода одзеде човечки живот во атарот на селото Варвара. Во текот на вчерашниот ден околу 16 часот и 50 минути, дошло до судир помешу автомобил марка „голф“ со скопски регистарски таблички управувано од граѓанин на Скопје и товарно моторно возило ТАМ, со скопски регистарски таблички со кое исто така управувал скопјанец.
Според податоците, поради сериозноста на повредите, возачот на голфот за жал починал во ГОБ „8 Септември“, а неговиот сопатник се здобил со тешки телесни повреди.
14.01.2014 - 09:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа