Апелација потврди: Доживотен затвор за екс-полицаецот Трифуновски
Апелацискиот суд во Гостивар не ја прифати жалбата на екс-полицаецот Јаќим Трифуновски и ја потврди првостепената одлука на Основниот суд со која тој е осуден на доживотен затвор за двојно убиство.
Осудениот Трифуновски, се жалеше на пресудата и во ноември судскиот совет ја разгледа жалбата. Трифуновски бараше укинување на пресудата и враќање на предметот на повторно судење. На јавната седница, неговиот адвокат наведе дека одлуката од првостепената постапка имало контрадикторности. Неговиот адвокат тогаш наведе дека на првото судење, била поклонета верба само на исказите на сведоците.
За потсетување, двојното убиство се случи во февруари 2012-та година кога поранешниот полицаец со службениот пиштол застрела двајца гостиварци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа