Како на филм: Кученце седнало зад воланот и предизвикало сообраќајка
Една чивава предизвикала страотна сообраќајка во Вашингтон откако нејзиниот сопственик ја оставил сама во запалениот автомобил.
Табита Орека се враќала од работа и застанала кога на семафорот се упалило црвено светло. Таа се соочила со непријатна ситуација кога на неа налетал автомобил во кој се чинело дека нема возач. Набрзо забележала чивава која го управувала автомобилот кој удрил во неа.
- Беше како на филм. Видов само мало кученце како седи зад воланот, вели жената.
Сопственикот на чивавата во тој момент бил во продавница. На потешкиот начин научи дека кучињата не треба да се оставаат сами во автомобил.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа