Почина тинејџерот "Бенџамин Батон"

 

Тинејџерот кој боледуваше од прогерија, болест позната и како "Бенџамин Батон", по главниот јунат во истоимениот филм, почина во петокот на 17-годишна возраст поради здравствени компликации.

Прогеријата е наследна, генетска и смртоносна болест која предизвикува многу брзо стареење, а кај Сем Бернс била дијагностицирана кога тој имал само една ипол годинка. За неговата болест беше формирана и фондација за пронаоѓање лек за истата. Оваа болест е ретка, а се смета дека има само 250 заболени деца во целиот свет. утврдено е дека сите лица кои боледуваат од неа имаат посебен ген како абнормално високо ниво на одредени протеини.

Според истражувањата, лековите кои помагаат за тумор, може да помогнат и кај оваа болест, но за жал, не моажт целосно да ја отстранат.

Нека почива во мир!

 

13.01.2014 - 09:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега