Обложувалниците задоволни - еве кои се новите олеснувања за играчите на среќа

 

Работната група на „Спортски обложувалници“ во Услужната комора на Сојуз на стопански комори е задоволна од прифаќањето на барањата за олеснување на процедурите за плаќање на данокот за добивките остварени во обложувачниците.

-Согласно измените во Законот за персонален данок на доход, според член 54, кај посебните игри на среќа (каде што припаѓаат приредувачите на игри на среќа во обложувалница, казина и автомат клубови) се предвидува одданочување од 10% на реалната добивка  (односно сума на исплата минус уплата) на секој поединечен добитен тикет. Ова оданочување започна да се применува од 07.01.2014 година, велат од обложувалниците членови на ССК.

Играчите на среќа нема да имаат обврска  добивките остварени од игри на среќа во обложувалница да ги пријавуваат во своите годишни даночни пријави во УЈП, ниту пак обложувалниците ќе издаваат потврди кон играчите.

-Останува обврската на обложувалницата да ги евидентира сите граѓани кои оствариле добивка во своите уплатно-исплатни места, за истите да подготвува месечни извештаи до надлежните институции, да им задржи 10% од реално остварената добивка и во нивно име да го плаќа Персоналниот данок на добивка, додаваат обложувалниците членови на ССК.

 

 

10.01.2014 - 12:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега