Македонците очекуваат поддршка од Бугарија за ЕУ
Според истражувањето „Глобално водство, соседство и односи со Бугарија“ спроведено од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија (ИДСЦС), мнозинството македонски граѓани очекуваат Бугарија да ја поддржи Македонија во натамошните интеграции во Европската унија.
Испитувањето на јавното мислење е направено преку теренска анкета во периодот 15 ноември до 1 декември минатата година на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници.
Во истражувањето кое треба да послужи за информирана јавна дебата за предизвиците на Македонија во натамошните евроатлантски интеграции, 87,5 отсто од анкетираните Македонци очекуваат Бугарија да ја подржи земјава во евроинтеграциите.
30% од граѓаните сметаат дека најголема пречка за поинтензивна соработка меѓу Македонија и Бугарија е историјата, речиси 21 процент сметаат дека проблем е нејзиното толкување, додека 12 отсто сметаат дека тоа се политичарите во двете земји поради нивни теснопартиски интереси.
87,5 проценти од граѓаните сметаат дека е важно да се подобрат односите и соработката меѓу Македонија и Бугарија. Според нив, за подобрување односите е потребна соработка во културата, забавата и спортот, подобрување на инфраструктурата и граничните премини и пристап до медиумите на двете држави, заеднички учебници по историја, прослава на заеднички настани и херои, а скоро секој петти граѓанин не знае или е без одговор.
Испитаниците немаат перцепција за заеднички историски личности.
- Граѓаните ги сметаат како македонски повеќето личности за кои Бугарија исто така смета дека се дел од нивното историско наследство како Св. Кирил и Методиј, за кои 83,3 проценти сметаат дека се македонски, Св. Климент (87,1), Гоце Делчев (88), Јане Сандански (81,6), Јавните и информирани личности како заеднички ги перципираат Св. Кирил и Методиј (73) и Цар Самоил (47). Големо мнозинство (74,7) граѓани поддржува реципрочно решавање со договорот за добрососедство на прашањето за соодветните малцинства во Македонија и во Бугарија, покажува истражувањето.
85,4 отсто од анкетираните граѓани сметаат дека постигнувањето договор за добрососедство е од голема важност за граѓаните на Македонија/ Посакуваат договор да се постигне брзо, односно за една година, но очекуваат дека тоа ќе се случи на среден рок од две до пет години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа