Аврамопулос: Џамијата во Атина нема да има минаре
Грчката Влада ќе ја финансира изградба на првата официјална џамија во атинскиот кварт Вотаникос, таа нема да минаре, соопшти грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос во писмо до Парламентот.
Писмото на Аврамопулос е одговор на извештај на независниот пратеник Никос Никопулос кој тврдеше дека џамијата сепак ќе има минаре.
Аврамопулос повтори дека џамијата ќе биде направена во веќе постоечки објект, напуштена поморска база која ќе биде реновинара. Тој истакна дека минаре нема да биде во согласност со околината.
„Изградбата на џамијата ги мачи државните тела долго време, така што е најдено најдобро можно решение за одржување на интегралната рамнотежа и безбедност“, се вели во одговорот на грчкиот министер.
Муслиманите во Грција со години вршат притисок врз Владата за изградба на џамија.
Изградбата на џамијата е предуслов за грчките власти да извршат инспекции во околу 120 локации кои илегално работат како џамии во Атина. Овие импровизирани простори опслужуваат околу 30 илјади муслимани кои легално живеат во главниот град, и уште илјадници илегални жители.
Џамијата ќе може да собере околу 350 верници, како и стотици други во просторот околу неа.