Познат идентитетот на жената која изгоре во Дебреше
84 годишната Е.И. е жената која утрово изгоре во пожар кој избувна во помошна просторија на семејната куќа во селото Дебреште, општина Долнени.
ЕКипите од полицијата и од обвинителството се уште вршат увид на местото на пожарот. Прилепските пожарникари интервенирале и успеале да го локализираат пожарот.
Според најновите информации, пожарот избувнал утрово околу 6:50 часот во помошната просторија лоцирана веднаш до главната семејна куќа во која живеела Е.И. Најверојатно, пожарот го предизвикала електрична грејалица. Пламените јазици прво ги зафатиле алиштата на жената, која предоцна успеала да излезе од просторијата. Во дворот, падната ја нашле синот и внукот на Е.И.
Лекарската екипа констатирала изгореници од трет степен.
Пожарникарите интервенирале нешто по 7 часот и успеале да спречат ширење на пожарот. Нема да се изврши одукција на телото на Е.И. бидејќи, како што велат надлежните, причините за смртта се јасни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа