За полицијата нема сомнеж - Маја од Лешани не е убиена

 

Полицијата вопшто не се сомнева дека Маја Блажеска од охридско Лешани е убина и дека нејзината смрт настапила по насилен пат. СВР Охрид денеска уште еднаш потврди дека 14 годишното девојче кое беше пронајдено на Илинска планина починало од премрзнување.
Според портпаролот на охридската полиција, Стефан Димоски целосно е исклучена можноста дека смртта на Маја е резултат на кривично дело, а во нејзиното исчезнување не е вмешан никој од нејзиното семејство.
„ Апсолутно ја исклучуваме таквата можност, бидејќи и обдукцијата го потврди она што инспекторите и обвинителот го констатираа на местото на настанот, а тоа  е дека на телото нема траги од насилство. Нема влечкање, нема траги. Доколку ние имавме било какви сомневања дека била жртва на трговија со луѓе, тоа јасно ќе го истакневме – вели Димоски во изјава што ја пренесе Плусинфо.

Тој открива дека за време на истрагата на полицискиот тим од СВР Охрид, неколку лица биле ставени на полиграфското тестирање, но не прецизира кои се тие лица и што покажале резултатите од детекторот на лаги. 

Останува мистерија како 14 годишното девојче се искачило на планината и што барало таму

08.01.2014 - 21:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега