Размената со странство до декември 9,844 милијарди долари
Македонија до декември минатата година извезла стоки во вредност од 3,863 милијарди американски долари, а увезла за 5,981 милијарди долари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 64,6 отсто, а трговскиот дефицит е 2,118 милијарди долари.
Најголемо учество во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и други моторни возила за превоз на лица, објавува Државниот завод за статистика.
Најмногу стоки, 72,6 отсто се извезени во земјите-членки на Европската унија, по што следат земјите од Западен Балкан со 17,9 отсто. Земјите-членки на ЕУ се најзастапени и во увозот и оттаму се увезени дури 62,4 отсто од вкупно увезените стоки.
Македонија, 49,9 отсто од вкупната надворешно-трговска размена ја реализирала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа