Драма во Битола: Го онесвестиле од ќотек па го чувале во када со ладна вода
Го претепале па го ставиле во када со ладна вода се освести. Вчера околу 03,00 часот Д.О.(34) од Битола бил повикан од Б.Н, Л.Н и М.С., сите од Битола на ул.„Сремска Митровица“, со цел да поразговараат.
По кратко време физички го нападнале нанесувајќи му повреди по главата и телото, по што паднал во бесознание. За да го освестат го ставиле во када со ладна вода но откако Д.О. не се освестил напаѓачите го ставиле о автомобил и го однеле во куќата на еден од нив и го оставиле. Д.О. се освестил и побегнал. Локалното население го пронашло и го однело во прлепската болница каде го заржале на лекување.
Полицијата најавува мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа