Чупеска: Разрешувањето на обвинителот Коцевски е непринципиелно и го нарушува принципот на поделба на власта
Разрешувањето на државниот јавен обвинител Љубомир Коцевски е непринципиелно од аспект на поделба на власта, смета Социјалдемократскиот сојуз.
Потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска на денешната прес-конференција рече дека ставот на партијата е дека секогаш ќе се залагаат за се што е уставна вредност, односно конституционална вредност во смисла на поделба на власта.
- Оттука разрешувањето на кој било обвинител, вклучително и на Коцевски, би рекла со таква интрузија од страна на извршната власт, го сметаме за неприципиелно од аспект на поделба на власта, истакна Чупеска, одговарајќи на новинарски прашања.
Во понеденикот, пратениците во македонското Собрание ја поддржаа интерпелацијата на републичкиот обвинител Коцевски.
Интерпелацијата нема правно дејство што значи дека Коцевски останува сам да одлучи дали ќе поднесе оставка или пак Владата ќе биде таа која ќе продолжи со постапката за разрешување.
Коцевски во интервју за весникот „Вечер“ кажа дека нема да поднесе оставка „туку уште поревносно ќе се посвети на работата, особено за неколкуте големи случаи по кои се постапува како „Онкологија“ и „Пулс“, за кои, како што вели, постојат многу цврсти докази.
Во однос на намалувањето на царините од САД, Чупеска рече дека политиките на царини генерално се лоши, но дека кога веќе се воведуваат царини тогаш добро е што се намалуваат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа