Тетовчанец одењето на гости го чинеше 300.000 денари
Уште една тешка кражба во Тетово. По украдените 11.000 евра од куќа во Мала Речица, непознати сторители го ограбиле и домот на 41-годишниот С.Т. од Камењање.
Според податоците, крадците го искористиле отсуството на домашните, околу 19 часот влегле во куќата откако скршиле стакло, ја отвориле вратата и целосно ги пребарале просториите во објектот. Од регали и комоди во двете спални соби одзеле поголема количина накит, златни лири, алки и бижутерија, по што незабележани од никого избегале.
Сторителите направиле штета од 300 илјади денари.
04.01.2014 - 11:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа